Светската економска криза многу го забави лизинг-пазарот во Македонија, а дополнителен удар врз дилерите на нови автомобили беше законската регулатива која овозможи увоз на користени возила. Но, овој лош период е веќе зад нас и како што изјави Ѓорѓи Војновиќ, член на Управниот одбор на компанијата Хипо алпе Адрија лизинг, чие пазарно учество во 2009 година изнесуваше 32 проценти, веќе се забележува раздвижување на лизинг-пазарот кој би требало во наредниот период да се подобри со зголемена продажба на возила и опрема за стопанството. Со завршување на регулативата на 30 минатиот месец, а малку и претходно, пазарот покажа знаци на раздвижување. За следната година имаме обезбедено доволен буџет за финансирање нови проекти, нови возила и нови основни средства во вид на опрема, така што очекуваме дека следната година повторно лизинг-пазарот да почне да го достигнува својот максимум, односно ќе оди нагоре. Oд јули годинава има заживување во продажбата на автомобили.
Светската економска криза многу го забави лизинг-пазарот во Македонија, а дополнителен удар врз дилерите на нови автомобили беше законската регулатива која овозможи увоз на користени возила.
Но, овој лош период е веќе зад нас и како што изјави Ѓорѓи Војновиќ, член на Управниот одбор на компанијата Хипо алпе Адрија лизинг, чие пазарно учество во 2009 година изнесуваше 32 проценти, веќе се забележува раздвижување на лизинг-пазарот кој би требало во наредниот период да се подобри со зголемена продажба на возила и опрема за стопанството.
- Со завршување на регулативата на 30 минатиот месец, а малку и претходно, пазарот покажа знаци на раздвижување. За следната година имаме обезбедено доволен буџет за финансирање нови проекти, нови возила и нови основни средства во вид на опрема, така што очекуваме дека следната година повторно лизинг-пазарот да почне да го достигнува својот максимум, односно ќе оди нагоре - рече Војновиќ по повод завршувањето на изградбата и пуштањето во употреба на деловниот центар Хипериум" во Скопје во кој Хипо алпе Адрија лизинг вложи 17 милиони евра.
Според него од јули годинава има заживување во продажбата на автомобили.
- Во продажбата на автомобили минатата година имаше пад за 37 отсто, а тој продолжи и во 2010 г., но од јули веќе има заживување на пазарот и мислам дека во 2011 повторно ќе почнат и продажбата на возила и на опрема, односно инвестиците во стопанството - укажа Војновиќ.
Генералниот директор на Хипо алпе Адрија лизинг, Оливер Цинтл, повтори дека компанијата останува на македонскиот пазар и покрај нивното повлекување од некои од пазарите во регионот.
- Групацијата останува во Македонија. За 2009 и за 2010 година беше доделен дополнителен акциски капитал и од тоа може да се заклучи дека ќе останеме на пазарот и ќе работиме уште долго - истакна Цинтл посочувајќи дека постојаните иневстиции се доказ за сериозните намери за успех на пазарот во Македонија.
Последна успешна инвестиција на Хипо алпе Адрија лизинг, според раководството, е изградениот деловен центар Хипериум", а во кој над 80 проценти од деловните простории се издадени под закуп.
- Закупнината одговара на квалитетот на зградата, првичните понуди се 19 евра за квадратен метар плус трошоци за одржување. Повеќе од 80 проценти од Хипериум" е веќе под договор за издавање што значи дека и во кризна година кога многу фирми ги кратеа трошоците меѓународните компании и организации, го препознаа квалитетот на Хипериум" на пазарот на недвижнини - истакна Војновиќ.
Хипо алпе Адрија груп од влезот на македонскиот пазар во 2006 година досега има пласирано 70 милиони евра.